Утрински Весник
Свет

Трамп: САД би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот Теснец

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна САД би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот Теснец, а тоа би можело да донесе значителни економски придобивки.

„Со малку повеќе време, лесно можеме да го отвориме Ормускиот Теснец, да ја земеме нафтата и да се збогатиме. Тоа би било голема придобивка за светот???“, напиша Трамп на платформата Truth Social.


Околу една петтина од светската сурова нафта и течен природен гас обично се транспортира преку теснецот.

Меѓутоа, од почетокот на војната со Иран, на крајот на февруари, бродскиот сообраќај низ морскиот премин е претежно запрен, а блокадата доведе до нагло зголемување на цените на нафтата.

Во моментов, само неколку бродови минуваат низ преминот секој ден, главно од Иран, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина и Саудиска Арабија.

Според податоците на компанијата за анализа на бродскиот сообраќај „Кплер“, од почетокот на март низ мореузот поминале 225 товарни бродови, што е за 93 проценти помалку во споредба со периодот пред војната.

Можете да прочитате

НАСА објавува СПЕКТАКУЛАРНИ ФОТОГРАФИИ од патувањето до Месечината – глетката е неверојатна

Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

Руски борбен авион Су-30 се урна над Крим