Утрински Весник
Свет

Трамп: Претседателот на ФЕД е тотален губитник

Donald tramp avion.jpg

 Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска го обвини претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, дека е „премногу политички настроен“ за својата функција и оти изгубил милијарди американски долари.

– Џером „Предоцна“ Пауел го направи тоа повторно! Тој е „предоцна“, и всушност, премногу лут, премногу глупав и премногу политички настроен за да биде претседател на Федералните резерви. Тој ја чини нашата земја билиони долари, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.


Тој наведе дека постапките на претседателот на ФЕД ги чинат САД „билиони долари“, вклучувајќи една „од најнеспособните или најкорумпираните реконструкции на згради во историјата на градежништвото“. 

Можете да прочитате

Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош

Вкупно 94 патници досега евакуирани од бродот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус

Иран го отфрли мировниот план на Трамп, бара репарации и целосен суверенитет врз Ормуската Теснина