Утрински Весник
Свет

Трамп покажал среден прст на работник за време на обиколка во Мичиген

Tramp sreden prst.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп се најде во центарот на нов контроверзен инцидент, откако наводно покажал среден прст кон работник за време на обиколка на фабриката на „Форд“ во Мичиген, во вторникот.

Настанот се случил во момент кога врз Белата куќа расте притисокот за јавно објавување на доверливи досиеја поврзани со Џефри Епштајн. Видео-снимка до која дојде порталот TMZ прикажува лице од фабричкиот под кое вика кон Трамп, иако не е целосно јасно што точно му дофрла. Според наводите на TMZ, лицето наводно извикало „заштитник на педофилите“ кон американскиот претседател.

По ова, Трамп бурно реагирал на скандирањата додека се движел низ комплексот „Ривер Руж“ на „Форд“ во Мичиген. Од снимката може да се забележи дека тој изговорил пцовка, а според сведоци, по вербалната реакција следел и несоодветен гест – покажување среден прст.

На видеото се слуша глас од фабричкиот под, додека Трамп се наоѓа на повисок кат и гледа надолу кон работниците. Инцидентот предизвика реакции на социјалните мрежи, каде дел од јавноста го оцени однесувањето како непретседателско, додека други тврдат дека станува збор за провокација кон шефот на државата.

Можете да прочитате

Русија уапси лекари поради смртта на девет бебиња во породилиште

Данскиот министер за надворешни во посета на Белата куќа

Над 2400 загинати во Иран, стигнаа нови закани од Трамп