Утрински Весник
Свет

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин

Trump.jpg

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска одби да каже дали разговарал со рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на неговиот мандат во 2021 година.

Одговарајќи на прашање на новинар на Блумберг во Чикаго, Трамп истовремено додаде дека ќе беше паметно доколку го направеше тоа, пренесуваат британските медиуми.

-Ако тоа го направив, тоа беше паметна работа, рече Трамп.

Во новата книга на новинарот на Вашингтон пост, Боб Вудворд, „Војна“ се наведува дека Трамп, кој е и републикански кандидат на претседателските избори во САД на 5 ноември, во неколку наврати разговарал со Путин откако ја напушти Белата куќа, во јануари 2021 година

Можете да прочитате

Пукање во училиште ја зави Канада во црно – меѓу загинатите и напаѓачот

Македонски возач казнет во Германија, поради надминување на дозволените 90 дена во Шенген

Над 10 загинати и 25 ранети по масовно пукање во Канада