Утрински Весник
Економија

Зголемен бројот на туристи – најмногу се од Турција

Turisti 10 .jpg

Во периодот јануари – август 2024 година бројот на туристите е зголемен за 8,3 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Кај домашните туристи има намалување за 0,9 проценти, а кај странските зголемување за 14,4 отсто.

Зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,3 отсто, кај домашните туристи за 2,6, а кај странските за 9,3 проценти. Бројот на туристите во август годинава бил 232 576.

Од нив 48,6 отсто биле домашни, а 51,4 проценти странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесувал 911 478 и тоа 74,3 отсто од домашни и 25,7 проиценти од странски туристи.

Можете да прочитате

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат