Утрински Весник
Свет

Трамп најави пониски царини за Индија по договор за енергенсите

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп најави намалување на царините за индиската стока, откако Индија се обврзала да го намали купувањето руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од САД, а можно и од Венецуела. Во објава на социјалната мрежа „Тру соушал“, Трамп соопшти дека по разговор со индискиот премиер Нарендра Моди е постигнат трговски договор со кој реципрочната царина за Индија се намалува од 25 на 18 проценти.

Договорот предвидува Индија да ги укине царините и нецаринските бариери за американските производи и да инвестира над 500 милијарди долари во американската енергетика, технологија и други сектори. Трамп оцени дека прекинувањето на увозот на руска нафта од страна на Индија би можело да придонесе за завршување на војната во Украина. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека таков чекор ќе биде тешко остварлив, имајќи предвид дека Индија и натаму увезува околу 1,5 милиони барели руска нафта дневно. Како алтернатива се споменува венецуелската нафта, но слабата инфраструктура и потребата од големи инвестиции го отежнуваат брзото зголемување на производството.

Можете да прочитате

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната на увоз на руски гас

Турција заработи 65 милијарди долари од туризмот

Франција планира забрана за социјални медиуми за деца под 15 години