Утрински Весник
Свет

Трамп најави нови санкции и царини против Русија

Tramp24.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина во текот на ноќта.

„Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја ‘меле’ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп.


Во пораката тој ги повика двете страни да преговараат.

„До Русија и Украина – седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодариме!“, порача Трамп.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV на 25 мај ќе ја објави својата прва енциклика

На интернет пронајдени 14.200 објави поврзани со ИРГЦ

Пакистан распореди 8.000 војници и ескадрила борбени авиони во Саудиска Арабија