Утрински Весник
Свет

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека неговата администрација ќе почне да испраќа формални известувања до трговските партнери за воведувањето нови царини што ќе стапат на сила на 1 август и ќе се движат од 10 до 70 проценти, во зависност од земјата и категоријата на производи.

Во обраќањето пред новинарите, Трамп рече дека веројатно ќе ги донесе сите одлуки за царините најдоцна до 9 јули, објави Блумберг.


Новиот царински режим е дел од претходно објавен план од април, кој беше привремено одложен за 90 дена за да се отвори простор за трговски преговори.

Тој рок истекува на 9 јули, а американскиот претседател посочи дека нема да има дополнително продолжување.

Во меѓувреме, САД постигнаа три трговски договори – со Виетнам (официјализирани во среда), како и рамковни договори со Кина и Обединетото Кралство.

Белата куќа сè уште преговара за царините со клучни партнери како што се Европската Унија, Јапонија, Индија и Јужна Кореја.

Можете да прочитате

Пожар ја зафати главната сцена на фестивалот Tomorrowland

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп