Утрински Весник
Свет

Трамп најави мерки против Колумбија

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара воведување царини, визни ограничувања и други мерки кон Колумбија, откако Богота не дозволи слетување на два лета со илегални мигранти депортирани од САД.

Трамп на платформа „Трут сошл“ (Truth Social) објави дека одлуката на колумбискиот претседател Густаво Петро ја „загрозува“ националната безбедност на САД.

Претходно, Петро на Икс објави дека „САД не можат да ги третираат колумбиските мигранти како криминалци“, додавајќи оти Вашингтон треба да смисли протокол што ќе овозможи „достоинствено да се третираат мигрантите“.

Можете да прочитате

Истече рокот од 60 дена, но нема договор меѓу САД и Иран

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област