Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трамп му честиташе на Путин за уште една „голема работа“ – ослободување убијци

20240804082656 Big 730x400 14.webp.webp
300x250 opst2

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за големата размена на затвореници меѓу Русија, Белорусија и неколку западни земји.

-Би сакал да му честитам на Владимир Путин што направи уште една голема работа, рече републиканскиот претседателски кандидат во рамки на неговата кампања во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија.

„Ослободија некои од најголемите убијци во светот“, рече Трамп.

-Вратија некои од најзлите убијци. Ги вративме нашите луѓе, но човече, направивме некои страшни, страшни зделки. И убаво е да се каже дека ги вративме, но дали со тоа се направи лош преседан?, запраша тој.

Во размената на затвореници меѓу Русија и Западот, ослободен е новинарот Гершкович, но и наемниот убиец Красиков.

Во размената на затвореници без преседан, Русија и Белорусија ослободија 16 лица кои беа затворени, меѓу другото, поради нивните новинарска работа и активизам.

За возврат, 10 лица и беа предадени на Москва од затворите во различни западни земји.

Неколку земји беа вклучени во размената, при што двајца американски граѓани од висок профил – новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, и поранешниот американски маринец Пол Вилан – се вратија дома.

Како дел од зделката, ослободен е и Русинот Вадим Красиков, кој во Германија беше осуден на доживотен затвор за убиство на Грузиец со чеченско потекло во 2021 година во срцето на Берлин.

Договорот го постигна владата на американскиот претседател Џо Бајден, со помош на Германија и други сојузници.

Трамп укажа на сопствениот рекорд за враќање на американски државјани кои се држеле во затвори во странство за време на неговото претседателствување, истакнувајќи „никогаш ништо не платив“.

Републиканскиот претседателски кандидат веќе го нападна големиот договор со Русија непосредно по објавувањето на веста во четвртокот, и без никакви докази имплицираше дека за неговото постигнување се платени пари.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација