Утрински Весник
Македонија

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за српски пејачи, неизвесност за македонските лозари

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Кавадарчани и лозарите од Тиквешијата вистински ќе уживаат во Гроздоберот дури тогаш кога ќе добијат вистинска социјална благосостојба, сигурен пласман и достоинствена цена, а не кога пред секоја сезона ќе се тресат во неизвесност од откупот!

Она што некогаш беше автентична манифестација на лозарите, оддавање почит на нивната пот и деноноќна работа, денес е претворено во евтина манифестација на медиокритетот, кичот и енормниот профит за приватни џебови.

Додека лозарот се бори за секој денар, за настапи на странски и домашни изведувачи на „Тиквешки Гроздобер 2026″ се издвојуваат баснословни суми:

Жељко Самарџиќ: 1.537.500,00 денари (плус 170.816,25 денари персонален данок)!

Пеџа Јовановиќ: 1.414.500,00 денари (плус 157.150,95 денари персонален данок)!

Де Вито: 1.291.500,00 денари (плус 143.485,65 денари персонален данок)!

Џејла Рамовиќ: 885.600,00 денари (плус 98.390,16 денари персонален данок)!

Државата директно го создаде и одржува проблемот со недоволниот и хаотичен откуп на грозјето:

– Нема државен откупен центар кој ќе ја диригира и стабилизира цената и откупот;

– Нема државна дестилерија која ќе го преработи и спаси неоткупеното грозје;

– Не е укината 8% кражба од лозарите доколку грозјето им се исплаќа во готово.

И наместо да ги реши овие децениски системски проблеми, власта сега ги користи парите од Интервентниот фонд (повторно народни пари) за да им помага на приватните винарии да го откупат грозјето! 

Парата мора да врти во олигархијата, а лозарот да остане социјален случај и заложник на винските магнати.

Левица – Кавадарци бара итни реални инвестиции во земјоделството, формирање на државни капацитети за откуп и преработка и конечна заштита на достоинството на македонскиот лозар!

Можете да прочитате

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Притвор за возачот на Јанушев, барал мито од 1500 евра „да среди“ вработување

Косел со тример и предизвикал пожар, полицијата уапсиммаж од Македонски Брод