Утрински Весник
Свет

Трамп: Имав многу продуктивен телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски

Tramp Putin.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „добар и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин пред средбата подоцна денеска со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида.

„Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот на Русија, Путин пред мојата средба во 13 часот по локално време денеска со претседателот на Украина, Зеленски. Средбата ќе се одржи во Мар-а-Лаго. Претставниците на медиумите се поканети“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.

Светските агенции, повикувајќи се на руски медиуми, објавија дека Кремљ потврдил дека Путин и Трамп разговарале по телефон.

Можете да прочитате

НАТО: Северноатлантскиот договор не предвидува исклучување на земја-членка

Захарова: Новиот пакет санкции на ЕУ ќе предизвика тешки последици за земјите во развој

266 милиони луѓе во светот лани биле погодени од глад