Утрински Весник
Свет

Трамп и Путин во телефонски разговор, Белата куќа го оцени како позитивен

Tramp Putin.webp.webp

Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин оствариле телефонски разговор, кој бил оценет како „позитивен“. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на социјалните мрежи соопшти дека комуникацијата меѓу двајцата лидери поминала во конструктивен тон.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека Трамп и Путин ќе имаат уште еден телефонски повик „наскоро“, по разговорот што го одржале вчера. Американскиот претседател разговорите ги оцени како продуктивни и изјави дека ќе го информира рускиот претседател по средбата со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Флорида.

Можете да прочитате

НАТО: Северноатлантскиот договор не предвидува исклучување на земја-членка

Захарова: Новиот пакет санкции на ЕУ ќе предизвика тешки последици за земјите во развој

266 милиони луѓе во светот лани биле погодени од глад