Утрински Весник
Свет

Трамп: Ќе мора да размислиме за поддршка на Мачадо да ја води Венецуела

20240910072256 big 730x400 15.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп зборува за Фокс Њуз каде на прашањето дали ќе ја поддржи лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која моментално е во Норвешка, да ја преземе Венецуела, рече „ќе мора веднаш да го разгледаме тоа“.

– Тие (Венецуела) имаат потпретседател, како што знаете. Не знам какви избори беа тоа, но, знаете, изборот на Мадуро беше срам, рече Трамп.

Апсењето на Мадуро „испраќа сигнал дека повеќе нема да бидеме туркани наоколу“, изјави Трамп.

Тој нагласи дека САД губат стотици илјади луѓе годишно поради дрога и додаде дека САД „нема повеќе да го дозволат тоа“.

За операцијата во Венецуела Трамп рече дека тоа било планирано да се направи пред четири дена, „но времето не беше совршено“.

– Времето мора да биде совршено … одеднаш се отвори и рековме одиме, рече тој.

Трамп додаде дека Мадуро, кога бил заробен, бил „во куќа што повеќе личела на тврдина отколку на куќа“ со „цврст челик околу себе“.  

Можете да прочитате

Иран го нападна Азербејџан, повредени двајца цивили

Иран демантира дека лансирал ракета кон Турција

Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените