Утрински Весник
Свет

Трагедија во Германија: Автомобил влета во толпа на божиќен саем, најмалку 11 загинати

Img 9629.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку 11 лица го загубија животот, а над 60 се повредени, откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќен саем во Магдебург, Германија, јавува „Билд“. Германската полиција го уапси возачот и истражува можен терористички мотив. Според „Велт“, станува збор за 49-годишен маж од Саудиска Арабија кој досега не бил познат на властите како исламист.

Градските власти известуваат дека меѓу повредените, 15 лица се во критична состојба. Очевидци тврдат дека возачот намерно ја пробил бариерата и возел цик-цак за да прегази што повеќе луѓе.


Полицијата апелира до граѓаните да избегнуваат посети на центарот на градот, додека тимовите за итна помош и истрагата се активни на терен.

Овој напад ги потсетува Германците на трагичниот инцидент во Берлин во 2016 година, кога радикален исламист усмрти 13 лица на божиќен саем.

Можете да прочитате

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ