Утрински Весник
Балкан

Трагедија: Се судрија воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати

1726922774 Nezgoda 750x506 414689.jpg

Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.

Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.

Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.

РТС јави дека загинале две лица.

Можете да прочитате

Голема полициска акција во Србија, шест лица се уапсени, девет деца спасени

Волк забележан во населено место на Халкидики

Патник на атинскиот аеродром се обидел да внесе во Грција над 35 килограми суров канабис