Утрински Весник
Спорт

Трагедија на „Монументал“ – навивач „скокнал“ од трибините и го загубил животот

Трагедија на „Монументал“ – навивач „скокнал“ од трибините и го загубил животот

Мечот од аргентинскиот шампионат помеѓу Ривер Плата и Дефенса и Јустиција беше прекинат по 25 минути игра по голема трагедија откако еден навивач падна од највисоката трибина и го загуби животот.

dobivaj vesti na viber

Судијата Фернандо Рапалини веднaш го прекинал мечот, а славниот стадион „Монументал“ беше затворен на 24 часа додека трае истрагата како се случил трагичниот чин.

Од друга страна според официјалната објава на Ривер Плата, човекот „скокнал“ од трибината „Сивори Алта“ од височина од 15-тина метри, додавајќи дека на инцидентот не претходело насилничко однесување.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија