Утрински Весник
Магазин

Кејт Мидлтон фотографирана бесна, по кавга со принцот Вилијам

Кејт Мидлтон фотографирана бесна, по кавга со принцот Вилијам

Кејт Мидлтон е популарна не само во Велика Британија туку и ширум светот, а нејзината симпатична насмевка е нејзиното најсилно оружје. Изгледа дека принцезата од Велс научила како да ги раздвојува деловниот и приватниот живот и што и да и се случи дента, таа секогаш ќе покажува вистински интерес за луѓето со кои се среќава и комуницира.

dobivaj vesti na viber

Таа знае да одржува неврзан разговор со сите – и со крунисани глави, но и со обични луѓе, а сите што ја пречекуваат на гости велат дека е многу пријатна.

Убавината и добрината се отсликуваат на сите нејзини фотографии, а таа секако е меѓу најфотографираните луѓе во Велика Британија. На тоа место до неодамна беше кралицата Елизабета Втора.

„Кејт е многу успешна кога треба да маскира какви било негативни чувства, за разлика од Леди Дајана“, вели Џуди Џејмс, специјалист за говор на телото.

Принцезата Дајана често ги менуваше изразите на лицето и со тоа ги изразуваше своите емоционални состојби. Кејт речиси никогаш не покажала навестување на негативни емоции на нејзиното лице.

Според неа, ова се случило само еднаш. Имено, пред неколку години, тогашната војвотка од Кембриџ не можеше да задржи неутрален израз на лицето, а нејзините гестикулации откриваа гнев и фрустрација – веројатно насочени кон нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, кој беше со неа:

“Има само еден исклучок, а тоа е посетата на Варшава. Вилијам и Кејт беа таму во 2017 година, а кога ја напуштија резиденцијата, Кејт беше фотографирана со бесен поглед во нејзините очи. Никој не пропушти да го забележи, сите велеа дека веројатно имало караница“, вели Џуди и продолжува:

„Кога гледаме фотографија од кралското семејство на која некој изгледа луто или под стрес, тоа често може да биде мигновен говор на телото или израз на лицето изваден од контекст“, објаснува таа. „Меѓутоа, кога ќе се појават серија фотографии, како што е случајот овде, јасно е дека Кејт била навистина лута.

Се гледа тензијата, се гледа како го гледа Вилијам, а тој се обидува да изгледа неутрално, со бледа насмевка на затворените усни“, објаснува Џуди и вели дека спуштената глава покажува дека му е жал или непријатно поради нешто.

Која е причината за бесот во Варшава сега можеме само да претпоставуваме, но сигурни сме дека Вилијам не се забавувал откако останале сами.

Сè повеќе се шушка дека зад затворени врати Кејт и Вилијам не се толку совршен пар и дека имаат многу проблеми.

Можете да прочитате

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички