Утрински Весник
Балкан

Трагедија на Халкидики, во базен се удави осумгодишно девојче

Xalkidiki Pisina Katatskinosi Keno Fotografia Documento 960x567 1.jpg

Осумгодишно девојче е пронајдено мртво во базен во камп на Халкидики во Грција. Девојчето се удавило додека било со други деца во базенот.

Според информациите на ThessToday.gr, детето е пронајдено без знаци на живот под неразјаснети околности.

Веднаш по извлекување на детето стигнале возила на брза помош, но обидите за реанимација биле неуспешни.

Девојчето отишло во кампот со својата сестра. Двете девојчиња наводно влегле заедно во базенот, како и другите кампери, но изгледа дека 8-годишното девојче не излегло од водата.

Спасителот наводно рекол дека не забележал никого во водата околу 13 часот. Алармот во кампот бил вклучен нешто пред 15 часот, речиси два часа подоцна. Истрагата продолжува.

Можете да прочитате

Во изминатите 11 години половина милион граѓани на Србија се иселиле во ЕУ и темпото на заминувања се забрзува

Казната за возење без билет во јавниот превоз во Солун и Атина се зголемува на 100 евра

Јанша: Резултатот од гласањето по пошта е некредибилен, ќе користиме правни средства