Утрински Весник
Македонија

Традиционална Бадникова прослава 2026 во Крива Паланка – 24info.mk

Badnikarce.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Крива Паланка  и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка”и оваа година ја организираат традиционалната Бадникова прослава, која ќе се одржи на 6 јануари 2026 година, на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

Прославата ќе започне во 11:30 часот со Бадникова поворка, која ќе тргне од плоштадот „Карпошово востание”, ќе продефилира низ главната улица и ќе заврши на Градскиот плоштад. Поворката симболично го најавува празникот и ја пренесува пораката на заедништво, духовност и празнично исчекување на Христовото раѓање.

Во 11:45 часот, на Градскиот плоштад, ќе се одржи концерт со Бадникови и Божиќни песни, во изведба на детски хор, кој ќе ја збогати празничната атмосфера во духот на Бадник преку песна, детска радост и традиционални вредности.

Централниот дел од прославата е предвиден за 12:00 часот, кога ќе се одржи празнична молитва и благослов од Кривопаланечкото архиерејско намесништво, по што следува делее на бадникови лепчиња  и избор на Бадникарски кум за 2026 година. 

Како дел од бадниковите обичаи и празничната традиција,  ќе се делат и бадникови пакетчиња, греано вино и ракија за наздравување, а  истовремено, ќе се реализира и хуманитарна акција за собирање средства за поддршка на матуранти од социјално ранливи семејства..Овој чин симболично го одбележува празникот со споделување желби за здравје, мир, слога и солидарност и грижа за заедницата.

Во програмата учествуваат ученици, културно-уметнички друштва, фолклорни состави и балетското студио Магија  од Крива Паланка, кои со своите настапи ќе дадат посебен придонес кон зачувување и негување на бадниковите обичаи и македонската културна традиција.

Организаторите ги покануваат сите граѓани и посетители да се приклучат и заедно да ги одбележат Бадник и Божиќ,празниците на семејството, традицијата и заедништвото.

Можете да прочитате

Отворена патеката „Македонија“ во Михајлово

Митева: Се уште нема информации за македонскиот државјанин кој исчезна по несреќата во Кран Монтана

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026