Утрински Весник
Македонија

Трајко Славески ја поддржува иницијативата за „албанска Академија на науките и уметностите

Slaveski.webp.webp

Претседателот на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, универзитетскиот професор Трајко Славески, на Твитер изрази силна поддршка за иницијативата на партиите на Албанците во Владата за отворање на „Академско здружение за наука и уметност на Албанците“. Ова здружение, според Славески, би било пандан на МАНУ и би претставувало значаен придонес во развојот на општеството и науката.

„Силно ја поддржувам иницијативата за основање на Научно-уметничко друштво (НУД) со работен наслов „албанска Академија на науките и уметностите“ со седиште во Тетово,“ напиша Славески. Според него, науката игра клучна улога во прогресот на едно општество и оваа нова академија би можела да придонесе кон тоа.

Славески додаде дека очекува ваквото друштво да помогне во јакнењето на свеста за важноста на науката и да даде конкретни придонеси во општествената и економската сфера, како и во развојот на индустријата. „НУД може да придонесе за јакнење на свеста за важноста на науката, а низ конкретни проекти да даде продонес во општествената сфера и развојот на економијата и индустријата во нашата земја,“ објасни Славески.

Можете да прочитате

Приведени пет лица во Скопје за предизвикување пожар

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар

Шасивари: Европскиот пат не завршува со усогласување на законите – клучна е нивната имплементација