Утрински Весник
Македонија

Трајанов предложи реизбор на сите судии: „Дојдовте на власт со ‘Нема правда, нема мир’, а од правда ниту првата буква“

Павле Трајанов ќе бара предвремени избори или Влада со сите партии

Владата да подготви закон со кој во текот на една година ќе им престане мандатот на сите судии – од основните судии, па се’ до Врховниот суд и во тој период за секој судија да се спроведе постапка за ревизија на неговата работа, имотната состојба и постапка за реизбор, предложи претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека владеењето на правото мора да биде приоритет на Владата, а тоа не е така.

Трајанов на денешната пленарна седница образложи дека со неговиот предлог професионалните, чесните и некомпромитираните ќе продолжат да бидат судии, а другите ќе понесат одговорност. 

„Тоа би бил конкретен придонес а не да се замајува јавноста со изјавите дека судиите треба да бидат засрамени, каква хипокризија е тоа.  Последните судски одлуки се резултат на корумпиран политичко судски пазар, а не самостојни одлуки на судиите.  Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка и покрај поддршката од надлежните комисии, го блокирате и не дозволувате фер судење, за да се види одговорноста на политичкиот врв, обвинителите и судиите, во над 200 монтирани судски процеси. Дојдовте на власт со паролата, „Нема правда, нема мир“, а од правда ниту првата буква“, рече Трајанов.

 

Можете да прочитате

Спасовски: Не може и против Грција, и против Бугарија, а да сте за ЕУ

Спасовски: Ќе има предвремени парламентарни избори, СДСМ мора да биде подготвен

Спасовски со отворена самокритика: Големите очекувања од СДСМ донесоа големи разочарувања!