Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Тошковски во работна посета на Одделението при ДЗС под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите

1 4.jpg
300x250 opst2

Денеска (09.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна посета на Одделението при Дирекцијата за заштита и спасување под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите.

За време на посетата министерот се сретна со дел од пилотите и екипажот, при што им искажа признание за храброста и пожртвуваноста во борбата со пожарите. Притоа, министерот изрази жалење за условите во кои работат, како и недостигот на кадар во ова одделение и ниските плати.

„Имавме можност да ги погледнеме ер тракторите, да поразговараме со пилотите и да се сретнеме и со екипите од Кипар и Германија, кои преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ учествуваат во гасењето на пожарите. Овие луѓе, од кои некои се вратија и од пензија, заедно со екипите на Одделот за воздухопловни единици на МВР и Воздухопловниот винг на армијата се хероите кои секојдневно се во битката со пожарите со кои се соочува нашата татковина.

Ја изразив мојата огромна благодарност за се она што го прават и разменивме мислења за планираните реформи на системот за справување со кризи, како од оперативен така и од материјално-технички карактер. Се сложивме дека потребата од реформата на системот е голема, а тие остануваат тука се додека е потребно, заедно да ги спасиме нашите шуми и природни богатства. Министерството за внатрешни работи останува со сите свои капацитети да учествува во гасењето на пожарите и во пронаоѓањето на лица кои учествуваат во нивно подметнување и ширење”, истакна меѓу другото министерот Тошковски за време на посетата на Дирекцијата за заштита и спасување, под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите.

Можете да прочитате

Димитриевски: Куманово прераснува во регионален економски центар

Филипче: Со Вачно Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот

Симонов: Приоритет е енергетски ефикасна општина и борба против регионална депонија