Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори” и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора

1 3.jpg
Dik 300x250 mk

Денеска (15.07.2024), во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности Стојанче Ангелов.

„На седницата беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата. Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори” и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен. Во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија и по еден хеликоптер од Србија и од Црна Гора”, потенцираше министерот Тошковски. Министрите изразија благодарност до пријателските земји кои ни помагаат во справувањето со огнената стихија. 

Можете да прочитате

Единаесет месеци казна затвор за 43 годишниот родител, кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

Минчев направил лапсус, не зборувал за Законот за јазици, туку за правична застапеност

Минчев направил лапсус, не зборувал за Законот за јазици, туку за правична застапеност