Утрински Весник
Македонија

Тошковски претседаваше со конститутивната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи

1 8.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес како претседавач на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, присуствуваше на конститутивната седница на комитетот која се одржа во просториите на Центарот за управување со кризи.

На седницата присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

На средбата, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов  информираше за мигрантската кризна состојба на јужната и северната граница, кризната состојба во КПУ „Идризово”, како и за бројот на пожари на отворен простор и ресурсите за нивно гаснење.

„Продолжуваме посветено да работиме на надминување на овие предизвици, обезбедување брза и ефикасна реакција во кризните ситуации, се со цел поголема безбедност за нашите граѓани.”, потенцираше министерот Тошковски.

Можете да прочитате

Штип вечерва е обвиен во чад поради шумски пожар, да се избегнува присуство на отворено

Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата

Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари