Утрински Весник
Македонија

Тошковски:  Осуда за нападот во Москва

Panche toshkovski.jpg
Dik 300x250 mk

Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи најостро го осудувам вчерашниот терористички напад врз невините посетители во концертната сала “Крокус сити хол” во Красногорск, Русија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите погодени од овој грозоморен чин, а на повредените им посакувам најбрзо закрепнување, вели техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошкоски.

Ваквите ужасни акти на насилство извршени врз невини цивили налагаат најостра осуда од сите чинители посветени на мирот и безбедноста и се сериозен потсетник за заканата што ја носи тероризмот за нашите општества и потребата за одлучна борба против сите негови форми, додава тој.

Можете да прочитате

Молотов коктел фрлен во двор во Кичево

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Хорор во Дебарско: Киднапирана жена однесена во Струга и брутално силувана