Утрински Весник
Македонија

Тошковски: МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога

20240707073317 Big 730x400 43.webp.webp

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога

– Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво. Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена од ова зло, објави Тошковски на својот Фејсбук профил.

На оперативно ниво, нагласува Тошковски, дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира.

-Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсење во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации низ државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци, вели Тошковски.

Тошковски, исто така, потенцира дека нема да има пардон за секој кој се занимава со таков криминал или било кој вид на криминал. – Законот мора да важи еднакво за сите, порачува Тошковски.

Можете да прочитате

Девојка пронајдена мртва на браната Градче кај Кочани

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите што згрешија за овој случај