Утрински Весник
Македонија

Тошковски и Буши имаа работна средба со Дуџак

01 scaled.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши денеска одржаа работна средба со г-ѓа Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации.
На средбата беше разговарано за меѓусебната соработка, за која се констатираше дека е на многу високо ниво и од година во година се продлабочува, а воедно беше посочено дека Министерството за внатрешни работи е клучен, стратешки партнер на агенциите на ООН во земјава. На средбата, министерот Тошковски стави акцент на почитувањето на основните човекови слободи и права, поврзувајќи ги со правото на слободно движење кое им се крати на граѓаните со неможноста навремено да ги извадат своите патни исправи. Во однос на потенцијалните области каде соработката би можела да се прошири на нови области, министерот Тошковски истакна дека е важно започнатите проекти и активности со Канцеларијата на ООН да се реализираат во целост, а новите предлози за соработка да се координираат благовремено како би придонеле за целосен успех во насока на градење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Охриѓанка приведена, ја нападнала 72-годишната свекрва

Мицкоски: За водата во Скопје опозицијата се обиде да создаде хистерија, за водата во Гостивар Владата не е одговорна, напротив – таа помогна

Приведено лице од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра