Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Делото на најголемиот македонски великан Гоце Делчев нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела

2 1.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на 122 години од смртта на Гоце Делчев, еден од еден од најзначајните херои во историјата на Македонија – личност која со својата храброст, визија и пожртвуваност го обележа патот кон слободата.

MK Summit

„На 4 мај 1903 година, Македонија го изгуби великанот, но доби вечен симбол на отпорот и саможртвата. Тој е дел од сè што Македонија претставува денес: борба, надеж и достоинство. Македонија секогаш ќе ги памети оние кои својот живот го внеле во  темелите на нејзината независност.


Нека делото на најголемиот македонски великан нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела. Вечна слава и благодарност!”, истакна министерот Тошковски на чинот на положување цвеќе во црквата Свети Спас.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?