Утрински Весник
Магазин

„Торнадо“ – Нова песна и спот на Тамара Тодевска

„Торнадо“ – Нова песна и спот на Тамара Тодевска

Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Торнадо“. Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски.

dobivaj vesti na viber

„Торнадо“ е вториот сингл на Тамара годинава, во кој има повеќе боја, побрз ритам и позитивна енергија, соодветни за топлите летни денови.

– „Торнадо“ е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме! Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот, посочува Тамара.

Тодевска изминатиот период имаше повеќе концерти низ Македонија, а со свои медиумски гостувања и настапи беше активна и во земјите од регионот, како и на неколку предевровизиски настани.

Можете да прочитате

Ѕвезден судар утре: Некои знаци ќе блеснат, други ќе паднат под притисок – кој е на удар?

Овој мал утрински ритуал може да ве ослободи од сите грижи – утре го славиме светителот со златна уста

Веднаш отстранете ги овие пет работи од вашата бања – пред да се разболите