Утрински Весник
Македонија

ТОПЛАТА ОБЛЕКА СО ВАС: Оваа работна недела ќе имаме многу постудено време, особено во утринските часови!

Meteoalarm.mk 6.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на оваа работна недела, и тоа под влијание на значително постудена воздушна маса која се спушта од северните  и од североисточните предели на Европа, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и значително постудено, особено во утринските часови. Ќе има и повремено појава на мала до умерена локална облачност.

Ќе биде претежно тивко, па така во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла  и на ниска облачност.

Наутро температурите во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Само понекаде во југоисточните предели температурата ќе се искачи до 20 степени.

Во Скопје и околината во текот на оваа работна недела ќе имаме слично време, односно стабилно,суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 0 и 2 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 17  и 18 степени.

НАПОМЕНА: Поради тоа што во утринските часови очекуваме значително постудено време, препорачуваме со себе и тоа доколку излегувате задолжително со себе да си понесете топла облека, зошто и тоа како ќе ви биде потребна истата.

Можете да прочитате

Метеж на Табановце, се чека по 40 минути

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете