Македонскиот ракометен репрезентативен голман, Мартин Томовски го напуште скопски Вардар и во новата сезона ќе застане на голот на новиот германски бундеслигаш Потсдам. Томовски потпиша едногодишен договор со германскиот клуб. Потсдам од следната сезона ќе настапува во Бундес лигата. На три кола до крајот на сезоната во втората германска лига Потсдам е на првата позиција. -Мартин Томовски ќе го засили нашиот состав за следната сезона. 26-годишниот голман доаѓа од македонскиот рекорден шампион Вардар и потпиша едногодишен договор со Потстам“, стои во соопштението на новиот германски бундеслигаш. Своето задоволство што повторно се враќа во бундеслигашката конкуренција не го крие и самиот Томовски. -Среќен сум што ќе играм за Потстам и повторно ќе бидам дел од најдобрата лига во светот. Сега сум поискусен, постар и попознат голман отколку кога првпат играв во Бундеслигата. За мене е големо задоволство да станам дел од Потстам, тим со толку многу талентирани и млади играчи. Можам да ветам дека ќе направам сѐ што е во моја моќ за да ги оствариме целите на тимот, рече Томовски. Македонскиот репрезентативен голман ја почна својата кариера во РК Металург со кој настапуваше во ЕХФ Лигата на шампионите. Во 2019 година замина во Германија и две години го носеше дресот на Лудвигсхафен, од каде се врати во Скопје и потпиша за Вардар.