Фудбалерите на Баерн победија со 4:3 против Манчестер Јунајтед во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
УЕФА од овој натпревар го издвои остварувањето на легендарниот фудбалер на Баерн, Томас Милер.
Ветеранот стигна до 100 победи во елитното европско натпреварување.
На официјалниот профил на социјалните мрежи, УЕФА објаи дека Икер Касиљас има победа помалку од 177 натпревари, а лидер е Кристијано Роналдо со 115 триумфи на 183 меча.
На Милер му беа потребни 143 натпревари за да дојде до 100 победи во Лигата на шампионуте. Јасно е дека во текот на сезоната, Милер, ќе го престигне Касиљас, а не е далеку ниту од рекордот на Роналдо.
Тимот од Минхен на 3 октомври гостува во Копенхаген во следното коло од Лигата на шампионите.
Foto/ EPA
Müller’s magnificent milestone 💯#UCL pic.twitter.com/CeJWWJ3FJf
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) September 22, 2023