Утрински Весник
Магазин

Том Хенкс глуми мрзливец во новиот филм

Том Хенкс глуми мрзливец во новиот филм

Холивудското симпатично момче Том Хенкс го крши калапот глумејќи мрзоволен вдовец во „Човекот наречен Ото“.

dobivaj vesti na viber

Неговиот лик, Ото Андерсон, е 60-годишен маж кој планира да стави крај на својот живот по смртта на сопругата и присилното пензионирање, но наместо тоа се спријателува со своите весели соседи и почнува да го гледа животот низ позитивна призма.

Оваа комедија-драма е адаптирана според шведскиот роман „Човек наречен Ове“ на Фредрик Бакмен (2012 година).

„Човекот наречен Ото“, во режија на Марк Форстер, пристигнува во одредени кина в петок (6 јануари).

Хенкс, кој освои „Оскар“ за најдобар актер за „Форест Гамп“ и „Филаделфија“, во интервју за за „Ројтерс“ откри дека за неговата улога не била потребна ниту една аудиција, бидејќи тој и неговата сопруга Рита Вилсон ги купиле правата за адаптација на романот и филмот за американската публика.

„Видете, јас сум себичен. Јас сум себичен актер со натпреварувачки дух, и знам добра улога кога ќе ја видам и сметам дека никој друг не беше во игра за улогата бидејќи себично реков: знам точно што сакам да правам овде, знам точно како да бидам не само мрзоволен, туку и секогаш точен“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста