Утрински Весник
Македонија

Владата организира ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Image 2026 03 12 200942559.png

Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност, објави премиерот, Христијан Мицкоски.

„Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество. Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница.  На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам мир, здравје и благословени денови“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.



Можете да прочитате

Драмскиот театар одбележува 80 години постоење – за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски

Средба во ЦУК со претставници од САД

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво