Утрински Весник
Свет

Сеул: Ќе го раскинеме воениот договор доколку Северна Кореја повторно го наруши нашиот воздушен простор

Сеул: Ќе го раскинеме воениот договор доколку Северна Кореја повторно го наруши нашиот воздушен простор

Јужнокорејскиот претседател изјави во средата дека ќе размисли за суспендирање на меѓукорејскиот воен договор доколку Северна Кореја повторно го наруши воздушниот простор на неговата земја, објави новинската агенција Јонхап, цитирајќи ја прес-службата на претседателот.

dobivaj vesti na viber

Јун ги даде забелешките откако беше информиран за контрамерки против севернокорејските беспилотни летала кои преминаа на јужнокорејска територија минатата недела.

Меѓукорејските односи се затегнати со децении, но тензиите се интензивираа откако Јун ја презеде функцијата во мај, ветувајќи построг став кон Пјонгјанг.

Јун го критикуваше справувањето на војската со инцидентот со беспилотни летала, делумно обвинувајќи го потпирањето на претходната администрација на договорот од 2018 година за забрана на непријателски активности во пограничните области. Тој ја повика армијата да биде подготвена за одмазда, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп