Утрински Весник
Македонија

Точно ќе се знае за кој проект, колку пари ќе бидат наменети, вели Мицкоски за средствата што ќе им бидат дадени на општините

Pari 1 1.jpg

„Чебрен“ сакаме како држава да го градиме за тоа да земеме финансии и како држава да го градиме или ќе бараме приватен инвеститор којшто ќе го изгради проектот од почеток до крај без какви било концесии коишто ќе дојдат од државна страна. Тоа е она кое што како држава треба да расчистиме и како Влада да го направиме. Длабоко сум убеден дека на Македонија и како држава и е потребен уште еден резервоар за вода, односно да се изгради уште една акумулација што ќе биде потенцијален резервоар за вода, бидејќи имајќи ги предвид климатските промени и годините што следат, тоа ќе ни биде потребно за идните генерации, истакна Мицкоски.

Реализацијата на овој проект, според Мицкоски, ќе обезбеди и дополнителен капацитет за наводнување на Тиквешкото Поле и туристички потенцијал односно изградба на викенд населби, хотели итн., коишто ќе можат да привлечат голем број туристи.

Можете да прочитате

ДОМ: Кривична одговорност за еколошката хаварија на Крива Река

Калајџиев: Кој само ја даде таа идеја владата да организира протести против судството?!

Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор