Утрински Весник
Спорт

Тите објасни зошто Дани Алвес е на списокот за Катар

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалската јавност вчера беше изненадена од фактот што селекторот на бразилската репрезентација Тите го вклучи 39-годишниот Дани Алвеш на списокот патници на Светското првенство во Катар. Ветеранот претходното лето се пресели од Барселона во УНАМ.

dobivaj vesti na viber

Тите изненади и со одлуката да не го повика искусниот напаѓач Роберто Фирмино, кој сезонава игра добро за Ливерпул.

„Дани има технички и тактички аспекти кои се импресивни, тој е личност која може да организира и артикулира. Секако, тој веќе не е човек кој може да трча 60 или 70 метри, но има други доблести. Со поканата ги наградивме неговите технички квалитети, но и психичките и физичките аспекти. Веруваме дека физички ќе биде целосно подготвен“, изјави Тите објаснувајќи ја одлуката на турнирот да го доведе легендарниот десен бек Алвеш.

Дани Алвеш игра за „Селесао“ од 2006 година. Вкупно за својата земја настапи 124 пати и постигна осум гола. Во својата клупска кариера, тој освои импресивна серија трофеи играјќи за Баија, Севиља, Барселона двапати, Јувентус, Пари Сен Жермен, Сао Паоло и УНАМ.

Бразил на СП ќе игра во Г-групата, заедно со Србија, Швајцарија и Камерун.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов