Утрински Весник
Спорт

Тите ќе го смени целиот тим на Бразил за мечот против Камерун

Тите ќе го смени целиот тим на Бразил за мечот против Камерун

Селекцијата на Бразил оствари две победи на првите два меча на Мундијалот и експресно обезбеди пласман во осминафиналето. Токму затоа селекторот Тите во третото коло ќе им даде шанса на други фудбалери.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат локалните медиуми, селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите решил да игра со поинаква селекција против Камерун.

Бразилскиот селектор поради повреди не може да смета на Нејмар, Данило и на Алекс Сандро, а за мечот со Швајцарија планира да направи дури десет измени во тимот.

Од првиот тим во стартниот состав ќе остане само Едер Милитао, а покрај него против Камерун треба да играат Едерсон, Бремер, Дани Алвеш, Алекс Телјес, Бруно Гимараеш, Фабињо, Габриел Мартинели, Габриел Жесус и Ентони.

Бразил веќе обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот, бидејќи е прв на табелата во групата Г со шест бода. Швајцарија е втора со три бода, а Србија и Камерун имаат по еден бод.

Можете да прочитате

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона