Утрински Весник
Свет

Тинејџер во Лос Анџелес паднал од мост додека се обидувал да се слика за социјални мрежи

Тинејџер во Лос Анџелес паднал од мост додека се обидувал да се слика за социјални мрежи

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека 17-годишен тинејџер починал откако паднал од градскиот вијадукт додека се обидувал да се фотографира за социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Младиот човек се лизна и падна кога се качуваше на еден од сводовите на мостот за да емитува на социјалните мрежи“, објасни полицискиот наредник Мишел Мур.

Тој додаде дека слична несреќа се случила на почетокот на оваа година кога еден човек починал затоа што сакал да сними спот.

„Таа локација е трагична бидејќи, како што можеме да видиме, служеше како позадина за вакви трагедии двапати претходно“, рече Мур.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток