Утрински Весник
Свет

Тинејџер упатил смртни закани до Мората и неговото семејство

Untitled 3 47.jpg

Шпанската полиција го лоцира и уапси навивач кој им се закануваше со смрт на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото семејство откако промаши пенал во финалето на Лигата на нации.

Станува збор за 19-годишник од Малага.


Како што беше утврдено, тој испраќал закани од својот профил на социјалните мрежи до Мората и членови на неговото семејство, дури и до децата, веднаш по финалето во кое Шпанија, по изведување на пенали, беше поразена од Португалија.

Пораките ја вознемирија јавноста, брзо стигнаа осуди против навивачот, кој два дена подоцна, за да се ослободи од одговорност, отиде во полиција и пријави дека некој му го „хакнал“ профилот и дека тој не е оној што му ги испратил заканувачките пораки на Мората.

Сепак, полицијата брзо утврди дека профилот не е хакиран и дека лицето кое ја пријавило „кражбата“ на неговиот профил на популарната социјална мрежа стои зад сè.

Во меѓувреме, полицијата пресретна дел од разговорите на споменатиот млад човек со мобилен телефон и по анализа утврди дека тој дефинитивно стои зад заканите кон Мората.

Овој вид однесување стана нормален во одредени области, како што е спортот, поттикнат од анонимноста што ја обезбедуваат социјалните мрежи и брзината со која се шират“, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Стејт департмент: Претседателот е задоволен од прекинот на огнот

Над 40 деца и здравствени работници настрадаа во напад на болница во Судан

Иран објави крај на војната