Утрински Весник
Балкан

ТикТок се враќа во Албанија

Tiktok.webp.webp

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека социјалната мрежа ТикТок повторно ќе биде активна во земјата. Во разговор за „Политико“, тој посочи дека Владата постигнала договор за соработка со платформата, со цел подобра заштита на корисниците. Рама најави дека во блиска иднина ќе бидат презентирани конкретни мерки насочени кон безбедноста на албанската јавност, особено на младите.

-Задоволни сме од резултатот. Го направивме партнерството и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го откриеме планот пред албанскиот народ, како што ветивме, изјави Рама.

ТикТок беше забранет во Албанија пред една година, откако содржини објавени на платформата доведоа до конфликт меѓу малолетници, во кој трагично го загуби животот 14-годишно момче, прободено со нож.

Можете да прочитате

Брисел за набавката на оружје на српската армија од Кина: Европскиот пат на Србија бара јасни стратешки избори

Ќе пушта ли Иран танкери низ теснецот ако нафтата се плаќа во кинески јуани?

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот