Утрински Весник
Спорт

„Ти ме врати од мртвите“

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

По победата против Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ му се заблагодари на докторот кој многу му помогна на почетокот на вториот сет.

dobivaj vesti na viber

Новак Ѓоковиќ (36) во спектакуларен меч, по речиси четир часа го победи Карлос Алкарас, откако во вториот сет спаси меч топка.
На почетокот на вториот сет српскиот тенисер имаше проблем со температурата и влажноста на воздухот. Доби медицинска помош и заигра подобро, на крајот победи и ја освои 39. Мастерс титулата во кариерата.

По завршувањето на церемонијата на доделувањето на пехарите, Ѓоковиќ му се заблагодари на докторот.

Деталот многумина не го забележаа во ТВ преносот бидејќи се случи по церемонијата и фотографирањето со пехарот. Србинот потоа се упати назад кон своето столче, а покрај него стоеше докторот.

Тој му даде одредени лекови и му помогна да остане на теренот и да направи пресврт. „Ти благодарам, ме врати од мртвите“, му рекол Новак кога му пришол да му се заблагодари.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи