Утрински Весник
Спорт

ТФТ ја прекина серијата порази во АБА2 лигата

Kosarka aba2 tft sencur kranj 3.jpg

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ го совлада тимот на ГГД Шенчур од Словенија (85:77) на турнирот во Нови Сад од регионалната АБА2-лига. Ова е втор триумф во регионалното кошаркарско натпреварување за македонскиот претставник кој останува при дното од АБА2 лигата. Американецот Калхум со 8 поени и Ташковски со 16 го предводеа ТФТ до триумфот и прекинување на низата од шест меча без победа. ТФТ се наоѓа на претпоследната позиција во лигата со две победи и осум порази (12 бодови). Следниот меч го игра против МЗТ Скопје на 19 март.

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина