Утрински Весник
Македонија

Teтовец ја чистел куќата на покојниот татко и нашол автоматска пушка, се јавил во полиција

Претрес во Македонска Каменица, пронајдена пушка, делови од оружје и муниција

Maж од селото Подбреѓе пријавил во полицијата дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко, пронашол автоматска пушка.

dobivaj vesti na viber

„Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Јегуновце, З.А.(41) од тетовско Подбреѓе пријавил дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко С.А. во село Подбреѓе, пронашол една автоматска пушка. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и било констатирано дека станува збор за автоматска пушка калибар 7,62, четири рамки и 197 куршуми од ист калибар“, велат од МВР.

Пронајденото било подигнато за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

Утре почнува учебната година со 3.000 ученици помалку во прво одделение