Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во струшко – пет лица повредени и пренесени во Скопје

Soobrakajka.webp.webp

На 18.10.2025 околу 16:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на локалниот пат за с.Подгорци, струшко, на место викано „Орешки”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго” со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(45) од с.Подгорци, струшко и патничко возило „цитрен саксо” со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од с.Подгорци, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „цитроен саксо”, А.Д. и неговите сопатници Б.Р.(36) и М.М.(43), како и сопатникот од патничкото возило „цитроен берлинго”, М.О.(48) сите од с.Подгорци, додека со телесни повреди се здобил возачот А.О., констатирани во Медицински центар Струга, Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид и Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.


Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.

Можете да прочитате

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки”

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле