Утрински Весник
Македонија

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО БУТЕЛ: Судир на повеќе возила, има повредени!

Red illustration international anti corruption day facebook post.jpg

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на булеварот „Словенечка“ во скопската населба Бутел, во која учествувале неколку возила, а има и повредени лица дознава 24инфо.

Според информации од очевидци за 24инфо, во несреќата едно од возилата се превртело, додека друго завршило забиено во камион, што укажува на силата на ударот.


На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош и полицијата, кои интервенирале за извлекување и згрижување на повредените. Засега нема официјални информации за тежината на повредите.

Сообраќајот во овој дел од градот е отежнат, а надлежните вршат увид за утврдување на причините за несреќата.

Очевидците велат дека сцената била вознемирувачка, со оштетени возила расфрлани по коловозот, додека дел од учесниците во сообраќајот се обидувале да помогнат пред пристигнувањето на службите.

Се очекуваат повеќе детали од институциите во текот на денот.

Можете да прочитате

Кампања на МВР и РСБСП за безбедно управување на лесни електрични возила

Драма во Скопје: Украден ГПС уред за следење на возови, загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај

Мицкоски: До крајот на неделата технички исправна вода, а следната недела и за пиење во Гостивар