Утрински Весник
Македонија

Тешка несреќа кај Драчево: Излета автомобил со четири млади девојки, однесени сите во болница

Тешка несреќа кај Драчево: Излета автомобил со четири млади девојки, однесени сите во болница

Четири девојки на возраст од 18 до 20 години биле во автомобилот кој вчера излета од патот кај Драчево.

dobivaj vesti na viber

Како што објави МВР, несреќата се случила на локалниот пат с.Количани-с.Драчево, скопско, кога „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(18) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и уште две сопатнички М.Д.(20) и М.М.(18), двете од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид.

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица