Утрински Весник
Македонија

Тепаниот полицаец сам барал да не се гони кривично бодигардот на Мицкоски

Mos 585x335 1.jpg

Тепаниот полицаец кој беше нападнат во февруари пред кафе – барот „Мош“ самиот побарал од Обвинителството кривично да не го гонат Ивица Бисовски, поранешниот телохранител на сегашниот премиер, Христијан Мицкоски.

Предметот прво го работело Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По вештачеата со кои се утврдило дека на полицаецот Влатко Г. не му била нанесена телесна повреда како елемент на кривично дело кое би било во надлежност на ова одделение, предметот бил отстапен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.

– Advertisements –

Обвинителот со согласност на тепаниот полицаец го решил предметот со тоа што условно го одложил кривичното гонење.

-Надлежен јавен обвинител ги презеде сите дејствија и со изрична согласност од оштетениот го реши предметот со примена на институтот за условно одлагање на кривичното гонење согласно член 43 од Законот за кривичната постапка. Осомничениот изрази подготвеност да се однесува според упатствата на јавниот обвинител и да ги исполни определените обврски со кои се намалуваат или отстрануваат штетните последици на кривичното дело и се става крај на вознемирувањето што е резултат на кривичното дело. Согласно напатствијата, осомничениот плати и паричен придонес во полза на Буџетот на Република Северна Македонија, велат од Обвинителството за „Фокус“.

Од Министерството за внатрешни работи пак за „Фокус“ објаснуваат дека предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност е доставен до Одделот за дисциплински и судски постапки од страна на ОВККИПС и покрај дисциплинска постапка било побарано, согласно член 214 од Колективниот договор на МВР, на Бисовски да му биде изречена мерка отстранување од работното место и од Министерството. Тој бил суспендиран на 26 февруари.

Бисовски бил повикан во Одделението за дисциплински постапки и таму ја приложил одлуката на обвинителството да не биде кривично гонет и тоашто тепаниот полицаец не бара никаква штета и дека не сака против Бисовски да се води кривична постапка.

Опозициската СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека Тошковски го ослободил Бисовски од одговорност за инцидентот.

Порталот „360 степени“, кога се случи инцидентот објави снимка од инцидентот од камери на познатиот скопски локал „Мош“ на кој се гледа дека Бисовски нападнал колега полицаец кој бил на служба таа вечер.

-За кратко време Ивица Б. почнува да го турка Влатко Г. и го изнесува надвор од објектот, каде што туркањето продолжува. Притрчуваат други припадници на Единицата за недозволена трговија во МВР, кои се на задача, и се обидуваат да ги раздвојат, но Ивица Б. во еден момент замавнува со левата рака и со тупаница го удри Влатко Г. во главата. По ова, се гледа како Ивица Б. продолжува да му се обраќа на Влатко Г. и да мавта со прст кон него оставајќи впечаток дека му се заканува. Во еден момент повторно го удира по рацете. Случувањата пред локалот се снимени од две камери од различни агли, така што јасно се гледа инцидентот, објави тогаш порталот.

Тошковски најавуваше и кривична и дисциплинска одговорност за Бисовски, но инцидентот е решен без никаква одговорност. Според неофицијални информации на „Фокус“, токму Бисовски можно е да биде командант на специјалната единица „Тигри“.

Целиот текст прочитајте го на Фокус со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина