Утрински Весник
Спорт

Тен Хаг не се плаши од отказ

Skysports Erik Ten Hag Manchester United 6171664.jpg

Манчестер Јунајтед го претрпе третиот пораз во шестиот лигашки меч во оваа сезона и тоа против Тотенхем кој го освои „Олд Трафорд“ со 3-0.

Овој резултат дефинитивно го зголеми притисокот врв менаџерот Ерик Тен Хаг, но Холанѓанецот не стравува од отказ и порачува дека сите се заедно во оваа приказна.

-Сите заедно донесовме оваа одлука да останеме заедно ова лето. Исто така, донесовме одлука со јасна идеја што треба да подобриме и како сакаме да изградиме тим, но знаевме дека ќе потрае некое време. Сите сме таму на иста страница, во ист брод – јас, играчите, раководството. Сите сме заедно, – изјави стратегот.

Можете да прочитате

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг” во Скопје

Тренер по кревање тегови во Грција набавувал и снабдувал спортисти со допинг супстанции

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите